Три трговски центри во Брисел беа евакуирани попладнево по дојави за експлозивни направи, полициските операции се во тек.
Калина, Македонка која живее во Брисел, се наоѓала во едниот од овие центри кога започнала тревогата.
Bomb alert at the Woluwe Shopping Centre confirmed by police, dogs are searching right now. Problem is real, a policeman tells me pic.twitter.com/v6gn6dQQ6h
— Tanja Milevska (@MilevskaTanja) May 10, 2019
-Почна една сирена, очигледно дека не беше аларм за пожар, различно звучеше, и низ разглас ни рекоа да излеземе од најблискиот излез без да си ја земеме колата, луѓето почнаа да трчаа, не знаеш дали во моментот некој шета со пушка или нешто, ништо не знаеш.
Веднаш се затвориле продавници и се појавиле војници во центарот, раскажува Калина за МИА.
Полициски извори потврдија дека во моментов се наоѓаат специјални единици за деминирање во центрите и дека операциите течат непречено.
-Инспекцијата е во тек од страна на специјални служби на федералната полиција, безбедносен периметар е определен и во постојан контакт сум со полицијата за да се види кои мерки да се преземат, изјави за медиумите градоначалникот на општината Волуве Сен Ламбер каде се наоѓа еден од трговски центри.
Полицијата не информира дали станува збор за терористичка закана.
На 22 март 2016-та во два терористички напади во Брисел загинаа 33 лица и повредени се над триста.