ВИДЕО: Трамп стана прв претседател на САД што го посети Ѕидот на плачот

Од:

Шефот на американската држава Доналд Трамп денеска го посети Ѕидот на плачот, со што стана првиот актуелен претседател на САД, кој ја посетил оваа верска знаменитост во стариот дел на Ерусалим.

Со црна кипа на главата, Трамп прво се помоли, а потоа со раката го допре Ѕидот, кој е едно од најсветите места на евреите. Согласно традицијата тој остави и ливче хартија меѓу камењата на Ѕидот. На овие ливчиња верниците обично ги запишуваат желбите кои сакаат да им бидат услишани од Господ.

При посетата на Ѕидот на плачот, Трамп беше придружуван од првата дама Меланија, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер.

Согласно еврејската традицијата, Меланија и Иванка Трамп своите молитви ги искажаа пред делот од Ѕидот на плачот наменет за жените.

За време на оваа поколнение пред Ѕидот на плачот, Трамп не беше придружуван од ниту еден израелски официјален претставник, бидејќи како што беше соопштено, станува збор за „привата посета“.

Претходно, денеска во Ерусалим Трамп се сретна со израелскиот претседател Реувен Ривлин, по што порача дека на Иран никогаш не треба да му се дозволи да произведе нуклеарно оружје.

– САД и Израел се согласуваат дека Иран никогаш не треба да има нуклеарно оружје и треба да прекине финансирањето, обуката и вооружувањето на терористи и милитантни групи, истакна Трамп на заедничката прес-конференција со Ривлин.

Според Трамп, арапските соседни земји сфатиле дека заканата од Иран е нешто што ги обединува со Израел.

Препладнево при пристигнувањето во Израел, Трамп изрази оптимизам за мировниот процес со Палестинците, нагласувајќи дека на народот му е доста од крвопролевања и има огромна желба за мир на Блискиот Исток.

– Пред нас стои ретка можност да донесаме безбедност, стабилност и мир во регионот. Но, тоа е можно само единствено ако работиме заедно. Нема друг начин, посочи Трамп по пристигнувањето на аеродромот во Тел Авив.

Тој додаде дека Израел исто како и САД се стреми кон постигнување на мир и подава рака кон сите свои соседи, вклучително и кон Палестинците.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски