Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските стоки „значително ќе се намалат, но нема да бидат нула“.
🇺🇸🇨🇳 Trump’s tariff bluff just folded.
From 145% “punishment” to “it won’t be zero” — the art of the backpedal.
Turns out threatening the world’s biggest manufacturing power isn’t so easy… when your supply chains still run through it.pic.twitter.com/kvGDkQQv1G
— 𝘊𝘰𝘳𝘳𝘪𝘯𝘦 (@OopsGuess) April 22, 2025
На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп го омекна својот претходен остар тон по неколкунеделните одмазднички мерки кои ги зголемија тарифите за кинеските производи до дури 145%.
– 145 отсто е многу високо и нема да остане на тоа ниво, рече Трамп како одговор на прашањата на новинарите во Овалната соба и додаде нема да биде блиску до тоа, значително ќе се намали, но, нема да биде нула.
Изјавите на Трамп уследија по коментарите на министерот за финансии Скот Бесент, кој претходно истиот ден рече дека сегашните царини меѓу САД и Кина практично ја блокираат трговијата меѓу двете земји.
Бесент на конференција за приватни инвестиции организирана од JP Morgan Chase рече дека верува оти трговскиот конфликт со Кина е неодржлив и дека очекува конфликтот наскоро да се деескалира, потврди за CNN извор запознаен со неговите изјави.
Наместо целосна поделба, Бесент им рече на инвеститорите дека целта е да се балансираат трговските односи – оценка што дополнително го поттикна оптимизмот на берзите. Откако неговите изјави излегоа во јавноста, сите три главни американски берзански индекси ги достигнаа највисоките дневни нивоа.
Оптимистичкиот тон од Вашингтон се прелеа и на азиските пазари: Хонг Конг Ханг Сенг порасна за 2,5%, јапонскиот Никеи 225 за 2%, а корејскиот Коспи за 1,5%.
САД и Кина, двете најголеми економии во светот, досега воведоа рекордни царини една на друга, потресувајќи ги глобалните берзи, нарушувајќи ги синџирите на снабдување и зголемувајќи ги стравувањата од рецесија.