Американскиот претседател, Доналд Трамп пристигна во Виетнам во пресрет на самитот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Авионот на Трамп слета на аеродромот во Ханој, неколку часа откако Ким пристигна со својот воз во Виетнам.
Средбата, која треба да се одржи утре и задутре, следи по историскиот прв состанок во Сингапур, минатата година.
Двајцата лидери се очекува да разговараат за напредокот во ослободувањето на Корејскиот полуостров од нуклеарното оружје.
Ким утринава беше пречекан со црвен килим на границата Донг Данг, по што со автомобил беше пренесен до Ханој, каде го чекаше силно обезбедување и толпа народ со развиорени знамиња.
Севернокорејскиот лидер по пристигнувањето од хотелот во Ханој ги избрка американските новинари.