ВИДЕО: Трамп повторно е уапсен, се изјасни како невин

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред судот во Мајами за да се соочи со федералните обвиненија. Тој повторно беше официјално уапсен. Се изјасни за невин по сите точки од обвинението.

Тој е обвинет за незаконско задржување доверливи документи и лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат, но Трамп останува на тврдењето дека е неви и вети дека ќе продолжи со кампањата за изборите во ноември 2024 година.

Трамп е првиот поранешен или актуелен претседател кој се соочува со кривични пријави, но правните експерти велат дека тоа не го спречува да се кандидира за функција или да ја преземе функцијата претседател дури и ако е осуден.

Алина Хаба, адвокатка и портпаролка на Доналд Трамп, застана во одбрана на поранешниот американски претседател пред судот во Мајами.

„Одлуката да се обвини Трамп и да се затворат очите пред другите е симболична за корупцијата што ја имаме овде“, рече Хаба, повторувајќи ги тврдењата на Трамп дека обвиненијата се политички мотивирани.

„Ние сме на пресвртница во историјата на нашата нација. Ова тенденциозен прогон“, рече таа. Иако Хаба е адвокатка на Трамп, таа не го застапува во овој случај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски