ВИДЕО: Трамп не се поздрави со Меркел при приемот во Овалната соба

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно е на мета на медиумите откако за време на фотографирањето пред официјалната средба со Меркел, не се поздрави со германската канцеларка.

Двајцата лидери денес на имаа својата прва официјална средба во Белата куќа, а по церемонијата на пречекот, Трамп и Меркел имаа краток разговор пред новинарите.

За време на фотографирањето во Овалната соба, каде што американските претседатели ги дочекуваат своите високи гости Трамп изгледаше доста нервозен и цело време неговите раце ги држеше пред себе.

На снимките кои што се шират по социјалните мрежи може да се забележи дека Меркел во еден момент дури и му се обраќа на Трамп, меѓутоа тој не ѝ одговара и само ја врти главата во друг правец.

Доналд Трамп претходно беше критикуван за начинот на поздравување со неговите соговорници, дека тој се обидува да делува надмоќно и да ги засрамува неговите соговорници.

Би можело да ве интересира

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок