(ВИДЕО) Трамп: Ќе се сретнам со Путин, одам во Русија во петок

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција изјави дека овој петок патува во Русија за да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин. Се очекува темата на разговорот да биде ситуацијата во Украина, објавува „Киев пост“.

Трамп го спомена ова мимоходом за време на прес-конференцијата за распоредувањето на Националната гарда во Вашингтон.

„Срам ми е што сум тука… Знаете, ќе се видам со Путин, одам во Русија во петок. Не ми се допаѓа да бидам тука и да зборувам за тоа колку небезбедна, валкана и одвратна беше оваа некогаш прекрасна престолнина“, рече Трамп.

Сè уште не е јасно дали Трамп едноставно ја помешал Алјаска со Русија или имало вистинска промена на локацијата. Алјаска, иако поранешна руска територија, стана 49-та американска држава во 1959 година.

Според претходните најави на Трамп, се очекува разговорите со Путин да се фокусираат на таканаречените територијални размени меѓу Киев и Москва. Планот предвидува Киев да отстапи територија на Москва во замена за тоа Русија да се откаже од своите претензии кон украинските земји што не ги контролира целосно. Киев цврсто ги отфрли таквите предлози, а украинскиот претседател Володимир Зеленски не е поканет на состанокот.

Се вели дека Путин бил ентузијастички расположен за патувањето во Алјаска и го споменал ова прашање со бројни светски лидери во неодамнешните телефонски разговори.

Би можело да ве интересира

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат