ВИДЕО: Трамп ѝ даде интервју на снаата Лара, Фејсбук експресно го избриша

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сними интервју со Лара Трамп, новинарката на Фокс Њуз и сопруга на неговиот син Ерик, но социјалната мрежа Фејсбук веднаш го отстрани од својата платформа, со образложение дека се уште е на сила забраната за користење за Трамп, која Фејсбук ја воведе по претседателските избори во САД и нередите во американскиот Конгрес.

Во вторникот, Лара Трамп објави најава за интервјуто на Фејсбук, со слика на која таа стои наспроти поранешниот претседател, повикувајќи ги гледачите: „Придружете ни се вечерва!“.

Но, социјалната мрежа ѝ испратила мејл на новинарката, во која ја известува дека нема да биде дозволено објавување на интервјуто на Трамп, поради забраната, која е воведена на неодредено време откако Трамп, според проценките на Фејсбук, ги повикувал своите симпатизери на насилство во Капитол на 6 јануари.

Доколку Лара Трамп или некој друг се обиде повторно да ја објави снимката на Фејсбук, тоа ќе повлече повторно бришење и дополнителни ограничувања за оние кои го објавиле, се вели во пораката од Фејсбук.

Трамп е исто така блокиран и не може да објавува видеа на Јутјуб, но сајтот сепак ги дозволува снимките на кои се појавува поранешниот претседател, објавени од други канали, како што е интервјуто со неговата снаа. Снапчат и Твитер исто така му забранија на Трамп да ги користи нивните платформи на неодредено време.

Дел од социјалните мрежи неодамна соопштија дека на експретседателот ќе му биде дозволено да се врати кога ќе се намали ризикот од насилство.

Трамп повеќепати за време на изборната кампања есенва најави дека ќе отвори сопствена социјална мрежа.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски