Францускиот град Понтерион во централна Франција ќе го памети 9 март 2023 година, бидејќи торнадото ечеше низ областа, предизвикувајќи огромна материјална штета.
Имено, торнадото се појавило околу 17 часот, а еден од возачите од својот автомобил успеал да ја сними „пијавицата“ која татнела низ овој дел на Франција.
🔴 INFO – #Pontarion : Une #tornade a touché le secteur de Pontarion dans le departement de la Creuse (23) vers 17h hier après-midi faisant de nombreux dégâts. (Crédit Vidéo: Jean-Marc Velleine) #Tornado pic.twitter.com/Zws9fR3Ug8
— FranceNews24 (@FranceNews24) March 10, 2023
Беа потребни само две до три минути за ова торнадо да предизвика голема материјална штета.
Торнадото крена сè, покриви, земја, дрвја, сè за неколку минути, сведочеше тој за француските медиуми. Службите за итна помош снимиле 150 повици, но за среќа немало жртви. Најголем проблем бил со разнесените покриви. Во епархијата Бурганеуф имало 12 барања за помош, а во регионот на Ле Лонцеил 17 барања.
Околу 900 домаќинства останаа без струја во областа Крез.