(ВИДЕО) Торнадо го погоди Милано: Страшна снимка од невремето во Италија

Од:

Торнадо денеска го погоди Милано, а на социјалните мрежи се појавија страшни снимки од невремето. Силен бран на лошо време, со екстремни појави денеска околу 11 часот ја зафати Ломбардија.

Според „Кориере дела сера“, во петокот наутро во североисточниот дел на Милано, пожарникарите извршиле околу 110 интервенции, поради поплави, паднати покриви и дрвја по силното невреме.

Силен бран бури, со екстремни појави како град поголем од тениско топче, со пречник до 7-8 сантиметри го зафати северниот дел на Ломбардија, како и Венето, ноќта меѓу четвртокот и петокот наутро.

Во петокот наутро е забележано силно невреме со град со големина на топчето за голф, дожд и ветер во областа Сароно каде поплавени се два подвозници, а патиштата се блокирани од паднати дрвја.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он