ВИДЕО: Тинејџер со нацистички симболи на облеката упаднал во две училишта во Бразил и убил четири лица, снимен моментот на нападот

Од:

Во пукање во две училишта во Бразил животот го загубија вкупно четири лица, три на местото на нападот, а подоцна од здобиените повреди починала наставничка, соопштија властите.

Напаѓачот е 16-годишен тинејџер, кој носел нацистички симболи.

Властите во градот Аракруз, во државата Еспирито Санто, соопштија дека некои од 10-те ранети, вклучително и тројца наставници и еден ученик, се во тешка состојба по нападот во петокот што ја шокираше земјата која бележи пораст на престрелки во училиштата во последните години.

„За жал, трагедијата на Аракруз сè уште не е завршена“, рече гувернерот Ренато Казагранде во саботата.

„Со длабоко жалење ја потврдуваме смртта на уште една жртва, професорката Флавија Амбос Меркон“, напиша на Твитер гувернерот, кој прогласи тридневна жалост во Еспирито Санто.

Напаѓачот е поранешен ученик во државното училиште кое прво го нападнал, пукајќи во група наставници, убивајќи две лица, а рани други девет. Потоа отишол во блиското приватно училиште каде убил адолесцентка и оставил неколку други ранети.

Тој е уапсен и ќе се соочи со обвиненија за убиства и тешко убиство во обид, соопшти полицијата на Еспирито Санто.

Според Истражувачкиот институт Соу да Паз, нападот е дванаесетто пукање во училиште во Бразил од 2002 година.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он