ВИДЕО: Тест што за помалку од секунда го открива коронавирусот

Од:

Најголемата клиника во Израел соопшти дека развила тест за коронавирус кој дава резултат за помалку од една секунда, јавуваат локалните медиуми.

Пациентите ја измиваат устата со раствор на солена вода и плукаат во сад, кој потоа се поминува со направа што емитува светлост и ја анализира реакцијата во примерокот. Специјално развиен алгоритам речиси веднаш утврдува дали реакцијата што се случува е конзистентна со коронавирусот, објаснуваат научниците.

Од истражувачкиот тим од Медицинскиот центар Шеба, во близина на Тел Авив, велат дека стотици пациенти досега биле тестирани во рамките на пробните испитувања. Според нив, новата технологија со точност од 95% го открива вирусот кај пациентите.

Тестот ќе чини само 0.25 долари, а направата со која се врши тестирањето ќе може да се купи за помалку од 200 долари, пишуваат израелските медиуми.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел