ВИДЕО: Тешки борби кај Змискиот остров, Украинците објавија снимка од уништувањето на руски хеликоптер

Од:

И руската и украинската страна потврдија дека борбите се водат на и околу Змискиот остров. И двете страни тврдат дека се успешни во борбите.

Сергеј Братчук, портпарол на воената администрација на регионот Одеса, денеска изјави дека украинските сили синоќа погодиле руски хеликоптер. Украинската армија објави и видео, на кое тие тврдат дека се гледа како експлодира хеликоптер додека војниците се симнуваат од него.

Брачук објави и дека украинските сили уништиле мал руски десантен брод со капацитет од 80 до 100 луѓе и два брзи патролни чамци од класата Раптор. Според прелиминарните информации, Брачук рекол дека загинале околу 40 руски војници.

Руското Министерство за одбрана денеска, секако, даде сосема поинаква верзија на настаните. Според руската страна, синоќа над Змискиот остров биле соборени уште два украински бомбардери Су-24 и еден борбен хеликоптер Ми-24.

Русите тврдат и дека собориле украински борбен дрон Бајрактар ​​кај Одеса, а Украинците тврдат дека пресретнале два крстаречки ракети лансирани од руски авион.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков