Во концертната сала „Крокус“ во Москва имаше масовно пукање во кое, според руските медиуми, загинале најмалку 40 лица, а најмалку 100 се ранети.
Евакуацијата е во тек, медиумите јавуваат дека некои луѓе биле евакуирани директно од покривот на зградата. Органите на редот, специјалните единици се на терен.
🚨BREAKING – RUSSIA- CROCUS CITY HALL SHOOTING
UPDATE – SOBR began storming the Crocus City Hall building#Russia #RussiaShooting #Moscow #MoscowShooting #CrocusCityHall pic.twitter.com/nw2531aMIM
— T R U T H P O L E (@Truthpolex) March 22, 2024
„Маскирани мажи, најмалку тројца од нив, упаднаа во приземјето на Крокус Сити и отворија оган со автоматско оружје“, изјави дописникот на РИА Новости.
Според него, „по пукањето фрлиле граната или запалива бомба, што предизвикало пожар во концертната сала“.
Снимката од инцидентот кружи на социјалните мрежи покажува четворица мажи во маскирни униформи како масовно пукаат во невооружени луѓе на влезот во концертната сала.
Breaking: Terrorist attack at a club/shopping center in Moscow, Russia. Dozens reported wounded and dead. Explosion and fire reported. Early footage shows three men in camouflage firing rifles. #MoscowAttack #Moscow
— Anil Tiwari (@Anil_Kumar_ti) March 22, 2024
Според првичните податоци, се пука од автоматски пушки. Според очевидци, непознати лица почнале да пукаат во салата пред почетокот на концертот. По пукањето, во зградата избувнал пожар. Снимките на социјалните мрежи покажуваат густ чад кој доаѓа од концертната сала. Околу една третина од зградата е зафатена од пожар, излегува густ црн чад, пренесува ТАСС.
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека пожарникарите извлекле околу 100 луѓе од подрумот на Крокус.
„Луѓето во салата легнаа на подот за да избегнат пукање, лежеа таму 15-20 минути, а потоа почнаа да излегуваат. Многумина успеаја да се извлечат“, рече известувачот на РИА Новости.
На местото на настанот пристигна гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов. Повеќе од 30 регионални и 20 тимови за итни случаи на градот беа испратени во Крокус Сити Хол во московската област Красногорск.