(ВИДЕО) Терористички напад во Германија: Автомобил влета во толпата, најмалку пет мртви

Од:

Терористички напад се случи на популарниот божиќен пазар во германскиот град Магдебург.

Возило BMW влезе во толпата. Возачот е веднаш уапсен.

Очевидците на социјалните мрежи изјавуваа дека две возила „едноставно удриле во толпата“.

Германскиот Билд јавува дека има најмалку пет мртви. Според првични информации, над 60 луѓе се повредени.

Според очевидци, автомобилот очигледно влетал директно во толпата луѓе кои се упатиле кон градското собрание. Луѓето панично бегале.

Божиќниот пазар беше затворен во вечерните часови, а организаторот ги повика луѓето да го напуштат центарот на градот. Полицијата бара и експлозивна направа.

Би можело да ве интересира

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД