ВИДЕО: Терористи пукаат вечерва низ Виена, најмалку едно загинато лице и седуммина ранети

Од:

Во серија напади со огнено оружје во Виена, вечерва се ранети најмалку седум луѓе, а официјално едно лице загинало. Полициската пресметка со терористите се уште трае на улиците на австрискиот главен град, а локалните извештаи, кои се менуваат од минута во минута, неофицијално јавуваат и за три до осум жртви.

Цел на нападите, според првичните извештаи, била Еврејската заедница во Виена, која има канцеларии во близина на синагогата на виенскиот Шведенплац. Но, оваа информација се покажа како неточна, а полицијата подоцна јави дека напаѓачите дејствувале на шест различни локации во центарот на градот.

Според виенската полиција, напаѓачите се вооружени со пушки, еден припадник на полициските сили е ранет, а загинатиот бил еден од терористите.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер потврди дека се работи за терористички напад со повеќе сторители и дека е во тек голема акција за неутрализирање на преостанатите напаѓачи.

На дел од снимките кои жителите на Виена ги снимија од прозорците на своите домови, се гледаат и напаѓачите.

Полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови или да ги избегнуваат сите јавни места во центарот на Виена.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“