ВИДЕО: Тепачки за „Црн петок“

Од:

Купувачката манија во САД и во Велика Британија за „црн петок“ почна вчеравечер на Денот на благодарноста и продолжува денеска. Во Лос Анџелес две жени се степале во „Волмарт“ за кукла „барби“, за што бил повикан заменикот на шерифот. Во Манчестер, Англија, двајца мажи се скарале за телевизор во супермаркетот „Теско“. Засега нема повредени во големите турканици за време на распродажбите низ продавниците.

Таканаречениот „црн петок“ е последниот петок од ноември, еден ден по Денот на благодарноста, кога почнува купувањето новогодишни подароци. Тогаш продавниците низ САД и низ Велика Британија нудат огромни попусти, што предизвикува огромен метеж и инциденти.

Во 2013 година, приближно 141 милион Американци купувале за време на „црн петок“ и потрошиле 57,4 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас