ВИДЕО: Татко и син 40 години се криеле од САД во џунглите на Виетнам

Од:

Татко и син, кои 40 години биле прогласени за исчезнати, пронајдени се во џунгла во централниот дел на Виетнам, каде се криеле од крајот на војната со САД.

hoVanTan

Хо Ван Тан, кој денес има 82 години, последен пат е виден во 1973 година, како трча со тогаш едногодишниот син Хо Ван Ланг, по експлозијата на бомба во нивната куќа во која настрадале неговата сопруга и двете деца.

Тие 40 години поминале во џунглата, без никаков контакт со надворешниот свет, а ги пронашле жители на блиското село, кои ги алармирале властите.

Комуникацијата со двајцата мажи е речиси невозможна, бидејќи старецот зборува исклучиво на дијалект, додека неговиот син знае само неколку зборови.

Според пишувањето на виетнамскиот весник „Дан Три“, успеале да преживеат, благодарение на зеленчукот и ловот.

 

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски