ВИДЕО: Талибанците незапирливо напредуваат кон Кабул, Авганистан е во хаос

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика талибанците веднаш да ја прекинат офанзивата во Авганистан и предупреди дека „Авганистан излегува од контрола“.

– Ова е момент за запирање на офанзивата. Ова е момент за почнување сериозни преговори. Ова е момент за да се избегне продолжена граѓанска војна или изолација на Авганистан”, изјави Гутереш.

Утрово, Талибанците почнаа напад на Мазар-е-Шариф, голем град на северот на Авганстан и еден од ретките поголеми слободни градови во моментов. Градот е нападнат од повеќе насоки, засега нема информации за жртви.

Талибанците секојдневно објавуваат за заземање на се поголема територија од земјата, тие еден по еден ги заземаат големите провинциски главни градови, падна и Кандахар. Очекувањата се дека за околу три месеци ќе биде освоен и Кабул.

Ако Талибанците ја продолжат офанзивата со овој интензитет се очекува, главниот град на земјата да биде изолиран за 30, а да биде освоен за 90 дена.

Западните земји ги повлекуваат диполматите и своите граѓани. Од Авганистан панично бегаат сите странци, а локалното население е оставено во очекување на новата голема војна. Околу 250 илјади луѓе досега ги напуштија домовите. Талибанците го искористија повлекувањето на странските сили и влегоа во офанзива со која за кратко време освоија голем дел од територијата на државата.

„Особено застрашувачки се потресните извештаи за одземање на тешко стекнатите права на авганистанските девојки и жени“, предупредуваат Обединетите нации.

Под талибанска власт помеѓу 1996 и 2001 година, жените не можеа да работат, а на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат училиште. Жените мораа да го покријат лицето и да бидат придружувани од роднина од машки пол, доколку сакаат да ја напуштат куќата.

Македонското Минситерство за надворешни работи вчера ги повика сите наши граѓани да се повлачат од Авганистан и предупреди да не се патува во оваа земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња