ВИДЕО: Страшна сообраќајка во Москва, 18 загинати

Од:

Во сударот на патнички автобус и камион што денеска се случи на периферијата на Москва, загинаа 18 лица, меѓу кои едно дете, а 20 се повредени, од кои десет се во критична состојба.

Според неименуван медицински извор, 18 лица загинале во несреќата, а 22 се префрлени во болница, од кои две деца на возраст меѓу осум и десет години.

Во меѓувреме, портпаролот на Министерството за вонредни состојби Ирина Росијус, рече дека бројот на лица кои денеска загинале во судар на автобус и камион се зголемил на 17, со напомена дека три лица им подлегнале на повредите во болницата во Подолск.

Руските медиуми претходно известија дека во несреќата загинале 15, а повредени се 43 лица.

Според прелиминарните резултати од истрагата, за несреќата најверојатно е виновен возачот на камион откако не го пропуштил автобусот на крстосница, по што камионот силно удрил во страната на автобусот и го преполовил.

Возачот на камионот ја преживеал несреќата и идентификуван е како 46-годишен државјанин на Ерменија, кој само во текот на оваа година шест пати бил парично казнет за сообраќајни прекршоци.

Според првичните информации автобусот на патот од Москва за Подолск се судрил со камин во близина на селото Ознобишино во округот Новотроицкија.

Московската полиција соопшти дека одговорен за несреќата е возачот на камионот, кој е меѓу загинатите.

Видеото од моментот кога се случила сообраќајката можете да го погледнете ОВДЕ!

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов