(ВИДЕО) Страшна несреќа во Турција: Се преврте автобус со туристи, има мртви

Од:

Четири лица загинаа, а 15 се повредени, од кои тројца потешко, во сообраќајна несреќа што се случи во турската покраина Испарта, кога туристички автобус се преврте, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во округот Гелендост на патот Испарта-Коња, во близина на селото Багли, кога туристички автобус ја изгубил контролата од непознати причини и се превртел, објави агенцијата Анадолу.

На местото на настанот се испратени екипи на брза помош, противпожарна, жандармеријата, полицијата и Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD).

Повредените се однесени во блиските болници.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он