ВИДЕО: Стотици патници останаа на половина пат поради проблеми со напојувачката мрежа во Белгија

Од:

Повеќе стотици патници се блокирани во воз „Евростар“ во Белгија поради проблеми со напојувачката мрежа.

Патниците на „Евростар“ на социјалните мрежи објавија дека се блокирани во вагоните на возот, a температурата расте.

„Заглавени во Евростар некаде близу до Тубиз. Возот се расипа. Нема електрична енергија, нема клима повеќе. Температурата расте. Заклучок: Избегнувајте ги Евростар кога е топло (исто така кога е ладно). Требаше да знам подобро.“, напиша револтиран патник на „Твитер“.

Подоцна на патниците им беше дозволено да излезат од возот и да чекаат да се отстрани дефектот.

„Евростар“ соопшти дека се работи на отстранување на дефектот со напојувањето поради што еден воз застана на шините. Поради тоа најмалку два воза што сообраќаат помеѓу Лондон и Брисел се откажани, а на патниците им се рефундирани трошоците или им е обезбеден друг превоз.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски