ВИДЕО: Спектакуларна ерупција на Етна – реки лава и облаци чад избиваат од најголемиот европски вулкан

Од:

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна на италијанскиот остров Сицилија, денеска еруптираше и почна да исфрла големи количества лава, чад и пепел од неговиот југоисточен кратер.

Драматичните фотографии и снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како лавата се шири во сите правци.

Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрлил „спорадични рафали“ од лава и пепел.

Меѓународниот аеродром Катанија, што се наоѓа на 60 километри јужно од вулканот, се уште е отворен за воздушен сообраќај. Одлуката дали ќе биде затворен ќе ја донесе кризниот штаб, кој вечерва заседава.

Медиумите на Апенинскиот полуостров забележуваат дека аеродромот во Катанија досега главно бил затворан за време на ерупциите слични на денешните, бидејќи пепелта знаела да покрие поголем дел од градот.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он