(ВИДЕО) Сопственикот откри како терористите влегле во салата: Оружјето го скриле претходно

Од:

Еден од сопствениците на концертната сала „Крокус сити“, азербејџанско-рускиот бизнисмен и милијардер Араз Агаларов, зборуваше по терористичкиот напад во Москва, кој однесе најмалку 133 животи, и објасни како наводно се случил масакрот, пренесува „Риа Новости “.

– Се случи страшна трагедија, а веќе е кажано дека ништо слично не се случило во изминатите 20 години… тоа што се случи е необјасниво од гледна точка на универзалните човечки вредности – рече Агаларов во интервјуто.

Араз Агаларов појасни дека терористите не влегле во салата преку вратата, туку преку прозорецот на соседниот изложбен центар и почнале да пукаат во се што виделе.

Тој истакна дека еден чувар е убиен, а друг е ранет.

Според централниот разузнавачки центар на ФСБ, оружјето што терористите го користеле во Крокус било однапред подготвено на скриена локација, пренесува „Риа Новости“.

Во моментов нема потврди за овие наводи.

Во терористичкиот напад во концертна сала во трговски центар во Москва загинаа 133 лица, а повеќе од 100 се ранети, соопшти Рускиот истражен комитет. ФСБ во петокот вечерта извести дека пукањето и пожарот се случиле пред концертот во „Crocus City Hall“ во Красногорск, во близина на Москва.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Русија за крвавиот напад на Суми: „Украина користи цивили како воен штит“

Млад маж со чекан го нападнал соседот, во притвор е заедно со неговите помагачи

А1он

ВИДЕО: Пожар во породилиште во Москва, на 200 луѓе се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени