(ВИДЕО) Сноуден: НСА држи пиштол вперен во главата на секој Американец

Од:

Американската Агенција за национална безбедност (НСА), држи пиштол вперен во главата на секој жител на САД, додека истовремено бара да и веруваат, изјави поранешниот соработник на агенцијата Едвард Сноуден.

Сноуден во интервју во емисијата на познатиот ТВ водител Џон Оливер, ја коментираше одлуката Американците да се изјаснат дали ќе прифатат надзор од НСА во рамки на борбата против тероризмот и ќе го продолжат т.н. Патриотски акт по 1 јуни.

Според Сноуден Американците не треба да ги прифатат новите навики што им овозможуваат на властите да имаат увид во нивните лични фотографии, пренесува „Раша тудеј“.

– НСА има најголема можност за следење што некогаш е видена во историјата. Тие сега ќе тврдат дека тоа не го користат во лоши цели за америаканските граѓани. На некој начин, тоа е вистина. Сепак, вистинскиот проблем е во тоа што тие своите можности ги употребуваат со тоа што не прават ранливи, а потоа ни кажуваат: „Имам пиштол вперен во твојата глава. Нема да пукам. Верувај ми“, истакна Сноуден.

Сноуден се наоѓа во Русија каде доби азил по објавувањето на доверливи документи со кои докажа дека НСА, каде бил вработен, ги следела своите граѓани и државите низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска