ВИДЕО Снимките од Венецуела се ужасни: Згради се урнаа, некои срамнети со земја

Од:

Двата земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, што ја погодија Венецуела утрово, убија најмалку 32 лица, а повредија повеќе од 700. Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина сè уште се водат како исчезнати.

Земјотресите ја погодија северна Венецуела, западно од Каракас.

Претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба, а во говорот на државната телевизија изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Исто така, сакам да кажам дека ова е вистинска трагедија. Оттука, испраќаме порака за солидарност, а до семејствата што ги загубија најблиските, уште еднаш изразуваме сочувство и поддршка во овие тешки часови“, рече Родригез.

Ужасни видеа доаѓаат од Венецуела.

Едно од нив покажува како зграда во градот Диего Ибара целосно се урнала во земјотресот.

Некои згради во Ла Гварија беа срамнети со земја.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.069

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 4.829

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

А1он

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

ВИДЕО: Земјотресите во Венецуела одзедоа речиси 3.000 животи, спасувачите ја завршуваат потрагата по преживеани