ВИДЕО: Снимки од ракетен напад врз американска база, погоден аеродромот во Кувајт, горат згради во Дубаи

Од:

Иранските државни медиуми објавија снимки на кои наводно се гледаат патеките на ракетите испукани кон американската база. Видеата ги прикажуваат трагите на ракетите на небото додека се движат кон нивната цел.

Пожар избувна во Дубаи во близина на влезот на луксузниот хотел „Фермонт Палм“, предизвикан од остатоци што паднаа од небото за време на ирански ракетен напад. Снимките од пожарот и чадот станаа вирални на социјалните мрежи, а нивната автентичност ја потврди „Скај њуз“.

Неколку вработени на меѓународниот аеродром во Кувајт беа полесно повредени во напад со беспилотно летало, соопшти Генералната администрација за цивилно воздухопловство. Нападот предизвика и материјална штета на Терминал 1, објави Скај њуз. Во објава на социјалната мрежа X, властите соопштија дека надлежните органи целосно ја контролираат ситуацијата и дека безбедноста на патниците и вработените е највисок приоритет.

Би можело да ве интересира

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада