ВИДЕО: Снимен моментот на страшниот удар во Венецуела

Од:

Тлото ненадејно почнало силно да се тресе, додека исплашените минувачи во паника се обидувале да најдат засолниште. За само неколку секунди од околните згради почнал да паѓа градежен материјал, а улицата набрзо ја прекрил густ облак прашина, додека паркираните автомобили и мотоцикли неконтролирано се нишале.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба во земјата откако два силни земјотреси, во интервал од само неколку секунди, го потресоа главниот град Каракас. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, достигнал 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Спасувачките служби на терен се тркаат со времето и ги пребаруваат урнатините на неколку срушени станбени згради во потрага по преживеани. Главниот аеродром во Венецуела е целосно затворен за сообраќај поради тешките оштетувања на инфраструктурата предизвикани од последователните потреси.

Очевидци го опишуваат стравот што го почувствувале додека зградите околу нив пукале и се треселе, а луѓето со вресоци истрчувале на улиците. Пред еден трговски центар во Каракас, граѓаните биле во состојба на целосен шок.

Американскиот геолошки институт (USGS) веќе издаде сериозно предупредување, наведувајќи дека се очекува голем број човечки жртви и огромна материјална штета, оценувајќи дека „катастрофата, според сè, е од широки размери“.

Ситуацијата дополнително ја влошува фактот што во Венецуела се славел национален празник. Земјотресите ја погодиле земјата во 18:04 часот по локално време, што значи дека во моментот на ударот најголемиот дел од граѓаните биле во своите домови со семејствата, поради што постои стравување од голем број жртви под урнатините.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.069

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 4.829

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

А1он

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

ВИДЕО: Земјотресите во Венецуела одзедоа речиси 3.000 животи, спасувачите ја завршуваат потрагата по преживеани