ВИДЕО: Снимен моментот на силниот потрес во Истанбул

Од:

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го потресе Истанбул, нишајќи згради а паничните жители излегоа на улиците .

Зградите се тресеа, децата беа собрани и извадени надвор од училиштата, а канцелариските работници излегоа на улиците на најголемиот град во Европа.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека осум лица се повредени и се на лекување. „Освен мали штети, досега немаме добиено никакви извештаи што ќе ги заболат нашите срца“, рече тој.

Во центарот на Истанбул, земјотресот можеше да се почувствува дури 15 секунди. Во истанбулската област Авчилар, од европска страна на Босфор, земјотресот го сруши минарето на џамија.

Земјотресот, наводно, бил почувствуван во соседните провинции. Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди и Силиври, област во провинцијата Истанбул.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски