ВИДЕО: Снимен моментот на големиот одрон во Франција, огромен облак го прекри мостот

Од:

Меѓународните железнички врски меѓу Италија и Франција преку тунелот Фрежус се прекинати на „неодредено време“ поради големо лизгање на земјиштето во францускиот регион Савој кој граничи со Пиемонт, соопшти денеска италијанско-француската меѓувладина комисија за железничката линија Торино-Лион.

Одронот се случил во долината Мориен во неделата попладне, јавува италијанската новинска агенција АНСА. Комисијата соопшти дека францускиот железнички оператор Sncf ги блокирал сите возови на нивните појдовни станици и дека може да поминат денови, а можеби и недели пред да се обноват услугите.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна