ВИДЕО: Скоро илјада заразени на фестивал во Холандија, сите имале „ковид-потврди“

Од:

Ново жариште на Ковид-19 е забележано во Холандија, откако завршил дводневниот музички фестивал „Феркнипт“ во градот Утрехт, јавуваат локалните медиуми. Речиси илјада новозаразени пациенти биле посетители на фестивалот.

„Феркнипт“ дневно имал околу десет илјади посетители.

Според податоците на локалната здравствена служба, на првиот ден од фестивалот, 3 јули, заразени се 448 посетители, додека следниот ден се регистрирани уште 516 нови случаи на Ковид-19.

„Се надевам дека сега сме на врвот“, изјави портпаролката на Министерството за здравство Лидија фан дер Меер, која додаде дека сепак очекува бројот на заразени да се зголеми во следните денови.

Според здравствените власти, организаторите на фестивалот се придржувале до сите епидемиолошки препораки и мерки – сите посетители морале да покажат потврда дека се негативно тестирани, вакцинирани или дека ја прележале болеста.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи