ВИДЕО: Скандал во Германија, новинарка се мачкаше со кал за да личи како да помагала во поплавите

Од:

Новинарка од Германија е отпуштена откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како таа се мачка со кал пред вклучувањето во живо, пред да јави дека помагала во чистењето на последиците од катастрофалните поплави во градот Бад Минстерајфел.

Додека чекаше да се вклучи во живо на телевизијата РТЛ, 39-годишната репортерка Сузана Олен, намерно се мачка со калта, за да изгледа како да се вклучила во активностите за расчистување на поплавениот град. Откако прво си ја извалка облеката, Олен намачка од калта и на лицето.

Пред да биде објавена скандалозната снимка, направена од случаен сведок, телевизијата го објави прилогот на Олен под наслов „Чистење по поплавата: Репортерката на РТЛ помага во расчистувањето на Бад Минстерајфел“.

Телевизијата се извини за неетичкиот потег на нејзината новинарка.

„Пристапот на нашата репортерка е во спротивност со нашите принципи и стандарди. Поради тоа, ја отпуштивме новинарката веднаш штом слушнавме што направила“, велат од РТЛ.

Во катастрофалните поплави кои зафатија делови од Германија минатата недела, загинаа 128 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на тешко повредени во инцидентот во Минхен, уапсен е возач по потекло од Авганистан

Горан Наумовски

Инцидент во Германија: Tинејџер со пиштол пукал во поранешна девојка

Горан Наумовски

Орбан: АфД е иднината на Германија

Горан Наумовски

Еден загинат, 25 повредени во судир на воз и камион во Германија

„Билд“: Се урна хеликоптер во Германија, загинаа две лица

Горан Наумовски

Шолц и неговите партиски соборци лошо котираат кај избирачите