ВИДЕО: Вториот руски пилот е жив, го спаси сириската армија

Од:

Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа откако нивниот борбен авион беше урнат од турски-ловец Ф-16 е спасен откако го пронашла сириската армија, соопшти рускиот амбасадор во Франција.

– Еден од двајцата пилоти бил ранет кога со падобранот почнал да се спушта и убиен е на крајно варварски начин од страна на џихадистите во таа област. Другиот пилот успеал да побегне. Според последните информации спасен е од страна на сириската армија и веќе е на пат кон руската база, изјави амбасадорот Александар Орлов за Европа 1 радио, пренесува БТА.

Оваа информација ја објави и либанската телевизија „Ал Мајден Њуз“, која тврди дека сириските сили го обиколиле пилот кога се приземјил, го чувале два часа пред да дојде спасувачкиот хеликоптер и го одвел во руската база Хмејм во Латакија. Спасувачката операција траела околу шест часа.

Телевизијата ANNA-News објави ексклузивна снимка од спасувањето на рускиот војник.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски