Четири мали деца и еден возрасен се повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи, соопшти француската полиција, откако првично објави дека осум деца се повредени. Животите на три жртви се во опасност, според агенциите, според британската агенција Ројтерс, станува збор за три деца, а според француската новинска агенција АФП, две деца и еден возрасен.
Децата се на околу три години, соопшти полицијата.
На социјалните мрежи се појави снимка на која како што се тврди се гледа како напаѓачот бега низ паркот.
🔴 Vidéo du demandeur d’asile syrien a qui poignardé des enfants à #Annecy. pic.twitter.com/RlmTfFDyah
— Damien Rieu (@DamienRieu) June 8, 2023
Полицијата соопшти дека осомничениот Абдалмасих Х.(32) е сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година.
Се уште не се јасни точните околности на нападот. Безбедносните сили беа брзо испратени на местото на настанот, рече Дарманин.