(ВИДЕО) Силно невреме во Германија: Ветер урна шаторот, триесетина се повредени

Од:

30 луѓе се повредени во градот Кисинг во Баварија, на десетина километри југозападно од Аугсбург во јужна Германија, пишува локалниот весник „Аугсбургер алгемајне“. Невреме со силни ветришта урна пивски шатор, при што шест лица се здобија со сериозни повреди додека се обидуваа да се задржат на шаторот и покрај силните налети на ветерот.

Итната помош им укажала помош на повредените и повикала хеликоптер за транспорт на повредените. Невремето собори дрвја и расфрлаше отпад низ административниот регион Швабен. Оштетени се згради и автомобили од паднати дрвја. Властите соопштија дека една постара жена била повредена.

Полицијата и пожарникарите одговорија на повиците за поплавени тунели и подруми. Во акциите на терен учествуваа сто вработени во итната помош: 70 спасувачи и 30 пожарникари.

Посебно беше погоден пензионерскиот дом Хаус Габриел во Кисинг, па околу стотина жители мораа да ја напуштат зградата. Невремето го зафати и Фридберг, град со околу 30.000 жители. Некои патишта мораа да бидат затворени откако водата ги поплави.

Околу 16 часот снемало струја и телефонска мрежа. Градот направи голема штета.

„Урбаната област е под вода“, опиша шефот на градската пожарна Мајкл Гајгер.

Во испумпување на поплавените подруми се ангажирани доброволни противпожарни единици.

Би можело да ве интересира

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он