(ВИДЕО) Силен земјотрес го погоди Перу, паѓаа ѕидови од згради, има мртви

Од:

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот брег на Перу, а беше почувствуван во Лима и пристанишниот град Калао, соопшти Американскиот геолошки завод. Перуанските власти соопштија дека едно лице загинало, а пет други се повредени, објави АП. Земјотресот се случи во 11:35 часот по локално време, со епицентар 14 милји југозападно од тихоокеанскиот град Калао.

36-годишен маж починал во северна Лима додека „стоел пред своето возило чекајќи патник“ кога ѕид на четвртиот кат од зграда во изградба се олабавил и паднал врз него, изјави полицискиот полковник Рамиро Клауко за радиото RPP.

Центарот за итни операции соопшти дека пет лица се лекуваат во болница.

Снимките што ги споделија локалните медиуми покажуваат автомобили погодени од остатоци од урнати згради, како и оштетени домови и соборени билборди. Снимките, исто така, покажуваат хаос за време на миса во катедралата во главниот град.

Земјотресот беше почувствуван во сите области на Лима, изјави извршниот претседател на Геофизички институт на Перу, Хернандо Тавера, за локалниот телевизиски канал Н.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати