(ВИДЕО) Сикорски: Путин се потсмева со претседателот на САД, крајно време е Трамп да го разбере ова

Од:

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, изјави дека е „крајно време претседателот Трамп да сфати дека Путин се потсмева на него“.

Во разговор за американскиот јавен радиодифузен сервис PBS, Сикорски рече дека наместо прекин на огнот и сериозни мировни преговори, кои се очекуваа пред самитот во Алјаска, Русија испрати уште повеќе беспилотни летала – прво во Украина, а сега и во НАТО.

Неговата изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарече инцидентот со руските беспилотни летала што влегоа длабоко во полскиот воздушен простор завчера „грешка“.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција