Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.
Врховниот лидер Ким Јонг-ун ја надгледуваше вежбата, наречена Нуклеарно активирање, која беше дел од тестот на системот за контрола на нуклеарното оружје на нацијата. Покрај тоа што раководството на Северна Кореја сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа, според КЦНА, беше и протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.
Kim Jong-un leads first nuclear counterattack drills: Rodong Sinmun#NorthKorea #KimJongun #nuclear_counterattack_drills #tactical_nuclear_weapon #김정은 #핵반격가상전술훈련 #Arirang_News #아리랑뉴스 pic.twitter.com/e4KrEKdjEB
— Arirang News (@arirangtvnews) April 23, 2024
Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза. Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Пред неколку дена Северна Кореја објави дека тестирала боева глава од „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тогаш беше кажано дека овие тестови се дел од редовните воени активности на Северна Кореја и немаат никаква врска со ситуацијата во околината.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.