Северна Кореја ја истрела третата ракета за седум дена

Од:

Северна Кореја истрела крстаречки ракети во морето во близина на нејзиниот западен брег, како дел од стратешка вежба, објави северната новинска агенција KCNA.

„Вежбата придонесе за тестирање на способноста за брз контранапад на Корејската народна армија и подобрување на стратешките ударни способности“, соопшти KCNA, додавајќи дека тоа е „стратешка“ вежба, термин кој најчесто се користи за нуклеарно оружје, објави Ројтерс. КЦНА соопшти дека проектилот, модел наречен „Хвасал-2“, бил истрелан во Западното Море во вторникот.

Разузнавачките агенции на Вашингтон и Сеул „во моментов вршат детална анализа“ на овие истрели, додаде јужнокорејскиот Генералштаб.

Односите меѓу Сеул и Пјонгјанг нагло се влошија во последниве месеци, а Северот го засили тестирањето на воената опрема оваа година, вклучително и тестирањето, како што го опиша како „подводен систем за нуклеарно оружје“ и хиперсонични балистички ракети со цврсто гориво.

Тестовите на крстаречки ракети, кои летаат во атмосферата, не спаѓаат под санкциите наметнати од ОН на Северна Кореја, за разлика од балистичките ракети, чија траекторија претежно е во вселената.

Јужна Кореја и САД тврдат дека, и покрај санкциите на ОН, Северот испраќа оружје во Русија, веројатно во замена за техничка помош со својата шпионска сателитска програма.

Британската агенција потсетува дека ова е трета вежба со крстосувачки ракети што Северна Кореја ја изведе за помалку од една недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Северна Кореја симулираше нуклеарен контранапад

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја тестираше боеви глави за крстаречка ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонското море

Северна Кореја истрела непознати крстосувачки ракети кон Јапонското Море

Ким Џонг-ун истрела крстосувачка ракета од подморница

Северна Кореја лансираше две балистички ракети