ВИДЕО: Серија експлозии во Харков и во Запорожје

Од:

Рано утринава серија експлозии одекнаа во североисточниот украински град Харков.

Градоначалникот Игор Терехов најави дека во градот се слушнале „серија експлозии“ и ги повика граѓаните да бидат „крајно внимателни“.

Тој потоа објави дека е погодена административно-производна зграда во регионот Харков. Тереков на Телеграм објави дека проектилот „предизвикал уништување“, но засега се уште не се знае дали има жртви.

Покрај во Харков, утринава серија експлозии одекнаа и во југоисточниот украински град Запорожје.

Олександар Старук, шеф на регионалната администрација на Запорожје, на Телеграм објави дека Русија го напаѓа градот со проектили и ги повика жителите да бараат засолниште.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски