(ВИДЕО) Секунди ја делеле од смрт: Жена во последен момент се спаси од огромна бела ајкула

Од:

Една жена сакала да влезе во водата за да нурне. Таа била на помал брод и се подготвила за нуркање. Ставила перки, маска и почнала да се спушта во водата. Ако случајно не ја ставила главата во вода за да провери што се случува под површината на морето, немаше да биде жива. Во последен момент здогледала голема бела ајкула како се движи кон неа.

Жената морала брзо да реагира за да го избегне нападот на ајкулата и да се врати назад, односно да се качи на скалите и да седне во чамецот. Ајкулата ја извадила главата од водата со широко отворена уста. Оваа неверојатна ситуација е снимена и објавена на социјалната мрежа „ТикТок“, пишува „Дејли Стар“.

Не е познато точно каде се случило ова или датумот на овој настан. Видеото на „ТикТок“ за кратко време има голем број прегледи, а многу корисници на оваа социјална мрежа се во шок. Едно лице напиша: „Дами и господа, ви ја претставувам најсреќната личност на светот“, додека друга личност напишала: „Би бил преплашен и трауматизиран од океанот до крајот на мојот живот“.

Би можело да ве интересира

Тинејџер бил каснат од ајкула додека вежбал за време на тренинг камп за спасители на Флорида

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Девојка во борба со ајкула, ја зграпчи, па доби удар во глава

Голема ајкула тешка 200 килограми е уловена во Будва

Горан Наумовски

Една од најопасните ајкули во светот е уловена во близина на Неум

ВИДЕО: Патник фрли камера во морето, глетката ги запрепасти луѓето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Изгуби рамнотежа и падна од даската директно врз ајкулата

Предраг Петровиќ