Седум лица се уапсени под сомнеж дека се одговорни за бомбашките напади на неколку локации во Шри Ланка, соопшти полицијата.
An explosion reported at the premises of the St. Anthony's Church in Kochchikade Colombo #lka pic.twitter.com/3qlNBvV0Q0
— Aashik Nazardeen (@aashikchin) April 21, 2019
Се претпоставува дека зад нападите би можеле да стојат припадници на локалната радикална муслиманска организација НТЈ (National Thowheeth Jama’ath).
කටුවපිටිය පල්ලියේ කුමක් හෝ පිපීරීමක් ? @AzzamAmeen pic.twitter.com/3YlieWOlCa
— Mahesh Madusanka ??❤️?? (@MaheshNegombo) April 21, 2019
Западни медиуми пренесуваат дека властите на Шри Ланка пред десет дена добиле информација за евентуален напад. Странска разузнавачка агенција извести дека НТЈ подготвува самоубиствени бомбашки напади врз цркви и дипломатско претставништво на Индија во Коломбо. НТЈ привлече внимание минатата година кога уништи будистички скулптури.
Министерот за одбрана на Шри Ланка, Руван Виџевардене изјави дека денешната серија експлозии врз хотели и цркви се терористички напад, додавајќи дека без разлика кој ги извршил нападите, властите нема да дозволат ниту една екстремистичка група да дејствува во земјата.
Министерството за надворешни работи на Шри Ланка соопшти дека меѓу загинатите има најмалку 35 странски државјани, меѓу кои од САД, Велика Британија, Холандија и Турција. Кинеските медиуми пренесуваат и дека меѓу жртвите има и еден Кинез.
Според последните податоците, во денешните напади на Шри Ланка загинаа најмалку 207 лица, а над 400 се повредени.