(ВИДЕО) Се зголему бројот на тешко повредени во инцидентот во Минхен, уапсен е возач по потекло од Авганистан

Од:

Најмалку 28 лица се повредени денеска во Минхен кога автомобил влета во толпа луѓе, соопшти полицијата, додавајќи дека возачот е приведен.


Весникот „Билд“ наведува дека полицијата мора да утврди дали 24-годишниот возач на „мини купер“ намерно влетал во толпата, имајќи предвид дека градот се подготвува за безбедносна конференција на која ќе присуствуваат стотици светски лидери.

Полицијата на социјалната мрежа Х објави дека возачот е приведен и не претставувал понатамошна закана, но не сакаа да коментираат дали се работи за несреќен случај.

– Најмалку 28 лица се повредени, од кои двајца потешко – соопшти полицијата.


Инцидентот се случил на околу километар и половина од местото на конференцијата, пренесува ФоНет.

Според полицијата, уапсен е 24-годишен авганистански државјанин, осомничен дека го управувал автомобилот и дека бил барател на азил.

Полицијата додаде дека не верува дека инцидентот е поврзан со Минхенската безбедносна конференција, која треба да започне утре, јавува Би-Би-Си. На снимката по инцидентот се гледа како полицијата го врзува за земја.

Минхенската полиција на социјалните мрежи објави дека возачот е уапсен на местото на настанот и „во моментов не претставува никаква опасност“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Германија: Tинејџер со пиштол пукал во поранешна девојка

Горан Наумовски

Орбан: АфД е иднината на Германија

Горан Наумовски

Еден загинат, 25 повредени во судир на воз и камион во Германија

„Билд“: Се урна хеликоптер во Германија, загинаа две лица

Горан Наумовски

Шолц и неговите партиски соборци лошо котираат кај избирачите