Еден загинат, 25 повредени во судир на воз и камион во Германија

Од:

Едно лице загина, а 25 се повредени во судир на брз воз и камион во Хамбург, Германија. Во несреќата шест лица се тешко повредени, соопшти германската полиција. Како што пренесува германскиот весник „Билд“, еден од патниците во возот бил германскиот телевизиски комичар Бернхард Хокер (54), кој во несреќата се здобил со полесни повреди.

Според извештаите, возот во кој се наоѓале 291 патник се судрил со камион кој превезувал делови од шини.

Иако се уште не е позната точната причина за несреќата, очевидци велат дека камионот се обидел да го помине железничкиот премин кога се спуштиле рампите, оставајќи го задниот дел од камионот на шините.

Повредените патници се евакуирани и транспортирани со автобуси до блиската станица.

Повредениот сопатник имал 55 години и починал на местото на настанот.

Причината за несреќата се уште е нејасна, а возачот на камионот е приведен на распит.

Според информациите од федералната полиција, несреќата се случила и покрај итното сопирање на возот.

Полицијата и спасувачките служби ангажирале хеликоптер за да помогне во евакуацијата на повредените.

Возачот на камионот е во притвор и ќе одговара за убиство од небрежност и попречување на железничкиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија

А1он

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија

(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку 50 загинати во железничката несреќа во Шпанија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голема железничка несреќа во Шпанија, загинаа десет лица

Горан Наумовски

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото