(ВИДЕО) Се урна зграда од експлозија на плин – има жртви

Од:

Три лица загинаа денеска, а две се повредени во експлозија која најверојатно е предизвикана од истекување на гас, по што се урна зграда во градот Порто Сант’Елпидио во близина на италијанскиот град Анкона, објави Анса.

Двајцата повредени се префрлени во болницата Торете во Анкона.

Противпожарната служба, брзата помош и агенциите за спроведување на законот брзо пристигнаа на местото на настанот.

Во несреќата загина 47-годишниот Џузепе Пјерони, кој беше пронајден мртов на самото место, додека телото на 89-годишната Еторина Пакапело беше пронајдено по часови пребарување.

Нејзиниот 60-годишен син, Романо Черкети, им подлегна на повредите во болница во Анкона.

Родителите на починатиот Џузепе Пјерони беа повредени во експлозијата. Тие беа префрлени во болницата во Анкона.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски