ВИДЕО: Се урна руски бомбардер Ту-22М3 по нападот врз Украина

Од:

Рускиот суперсоничен бомбардер Ту-22М3 се урна во близина на градот Свиск во Иркутската област во источна Русија, а според првичните информации, тоа бил еден од авионите од кои рано утрово биле лансирани ракети како дел од масовниот комбиниран напад врз украинските градови.

Во текот на ноќта, Русија изврши моќен напад врз Украина користејќи дронови за напад и воздушни и копнени ракети од различни видови.

Главната цел на овој напад беше Киев, додека Днепар и Харков беа исто така силно погодени од ракети.

Вкупно, радиотехничките единици на Воздухопловните сили на Украина регистрираа дури 681 средства за воздушен напад – 70 ракети и 611 беспилотни летала од различни видови.

Украинските сили објавија детални информации за оружјето што го користела Русија во текот на ноќта.

Покрај ракетите, дури 611 дронови биле лансирани кон украинските градови. Меѓу нив беа беспилотни летала од типот „Шахед“, „Гербер“ и „Италмас“, како и беспилотни летала-мамки од типот „Пародија“, наменети за збунување на воздушната одбрана. Авионите беа лансирани од неколку правци од територијата на Русија и окупираниот Крим.

Украинската воздушна одбрана тврди дека соборила 632 ракети и беспилотни летала

Нападот беше одбиен со часови од авијацијата, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и мобилните групи на Одбранбените сили на Украина.

Според официјалните податоци на Командата на воздухопловните сили на Украина, вкупно 632 цели – 50 ракети и 582 беспилотни летала – биле соборени или попречени до осум часот наутро.

Украинските сили тврдат дека пресретнале пет суперсонични ракети „Циркон“, 15 балистички ракети Искандер-М/С-400 и сите 30 крстосувачки ракети Х-101/Искандер-К.

Сепак, преостанатите 20 балистички ракети и 27 дронови за напад споед Украинците ја пробиле одбраната и погодиле цели на вкупно 42 локации, додека опасни остатоци од соборени авиони беа регистрирани на уште 12 локации.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за Европа

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Огромни пожари избувнаа по украинските напади на територија на Русија и на Крим

Катерина Ѓуровски

Разрешениот началник на украинската армија ја испрати последна порака до украинскиот народ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силен украински напад на значајни цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски се соочува со голема криза, притисокот од улиците и војската расте

Катерина Ѓуровски