ВИДЕО: Се урна руски патнички авион

Од:

На северот на Авганистан синоќа се урна авион „Фалкон 10“, регистриран во регистарот на цивилни авиони на Русија.

Според прелиминарните информации, во леталото имало четворица членови на екипажот и двајца патници, пренесува руската агенција Интерфакс.

Авганистанската полиција соопшти дека добила информации за падот на авионот во провинцијата Бадакшан, во непристапна планинска област, пренесе Ројтерс.

Авионот престанал да комуницира вечерта на 20 јануари, додека бил во авганистанскиот воздушен простор, во близина на границата со Таџикистан, и исчезнал од радарските екрани, објави денеска руската Федерална агенција за воздушен транспорт на својот канал Телеграм.

„Според првите податоци, во авионот имало шест лица – четворица членови на екипажот и двајца патници“, се вели во соопштението. Потрагата по леталото е во тек, а Росавијација е во контакт со воздухопловните власти на Авганистан и Таџикистан.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали Боинг во Денвер, патниците бегаа преку крилото

Катерина Ѓуровски

Руската полиција спречи голем терористички напад во Москва

Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион