ВИДЕО: Се судрија два воени авиони над Германија, се трага по еден од пилотите

Од:

Два германски воени авиони се урнаа во североисточниот дел на земјата, објавија германските медиуми.

Германските воздушни сили потврдија дека два воени авиони се урнаа откако се судрија, но пилотите успешно се катапултираа.

Еден од пилотите е пронајден жив, а по другиот се трага, извести „Ројтерс“.

Локалната радиостаница “Остзефеле” објави дека авионите се судриле малку пред 14 часот во близина на езерото Мириќ, околу 100 километри од Берлин.

“Три авиони беа во воздушна патрола”, објави германската армија на Твитер.

Пилотот на третиот авион ја следеше несреќата и изјави дека два падобрани паднале на земја “, објави Ројтерс.

Дневниот весник “Шфетеринер Фолкскајутунг” извести дека остатоците од авионите предизвикале шумски пожари, а можеби се погодени и населени подрачја, пренесува „Ројтерс“

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче