(ВИДЕО) Се судрија амбулантно возило и автобус полн со деца во Италија: Сите од итната помош се мртви

Од:

Како што пренесуваат италијанските медиуми, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во тунелот Ка’ Гулино, во градот Урбино, во централна Италија.

Според локалните весници, комбето на брзата помош влегло во лентата каде што се наоѓал автобусот, а дошло до верижен судар при што комбето се запалило. Починале сите четворица од комбето: три медицински лица и пациент.

Во автобусот имало деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни. Тие се враќале од патување.

Меѓу децата имало само неколку полесни повреди, сите биле во шок. Некои плачеле и ги повикувале своите родители.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години