(ВИДЕО) Се пожестока е војната меѓу Орбан и Зеленски: Нема да не заплашиш

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена.

– Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто што не може да се преговара. Претседателот на Украина Зеленски треба да го запомни тоа – рече Орбан во објава на социјалната мрежа X.

Во четврток, унгарскиот премиер претходно го критикуваше Зеленски за неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој, според извештаите од Будимпешта, тој „повторно ја нападна унгарската влада и него лично“.

– Зеленски вели дека поддршката испратена до Украина е недоволна, оружјето е недоволна и дека решителноста на Европа е недоволна. Не мораше долго да чекаме одговор од Брисел. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, презентираше патоказ за развој на Украина. Во него, Брисел прифати секое украинско барање – 800 милијарди долари за Украина, забрзан пристап кон ЕУ до 2027 година и понатамошна поддршка до 2040 година – рече Орбан.

– И ќе кажеме неколку зборови за тоа. Доаѓа национална петиција, со која можеме да испратиме јасна порака до Брисел: нема да плаќаме – заклучи Орбан.

Во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски, меѓу другото, ги илустрираше своите ставови споредувајќи го со филмот „Денот на мрмотот“, велејќи дека Европа, како херојот од филмот, „ги повторува истите зборови“ без да ги менува своите постапки, и покрај изминатата година и повторените апели дека „Европа знае како да се брани“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, Русија тврди дека користеле HIMARS

Катерина Ѓуровски

Слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија е ограничена од денеска

(ВИДЕО) Медведев: Европејците добија вербална канонада од неблагодарна нарко-свиња

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американците ги интензивираат преговорите, Украина-Русија оваа недела повторно во Абу Даби

Зеленски: Главната работа е Русија да е подготвена да ја заврши оваа војна, која ја започна

А1он